Пеликан е здружение на граѓани формирано со примарна цел придонес кон заштитата на флората и фауната во Преспанскиот регион преку спроведување на принципите на одржливиот развој.

           Посебен акцент на активностите на здружението Пеликан ќе биде ставен на активностите за одржлив рурален развој преку промоција на биолошката и културната разновидност како основни елементи за економски развој на регионот.

Програмските определби и активности на „Пеликан“ во 2007 година ќе се одвиваат во следните области:

ОТПАД

            Проблемот со отпадот од домаќинствата е најочигледен и највидлив во Преспанскиот регион. Како активности предложени се:

-          креирање механизам за правилен третман на отпадот од домаќинствата од руралните населби

-          превземање мерки и активности за собирање и третман на скапаните јаболка

-          чистење на плажите кај познатите туристичко – излетнички места

-          да се исчистат коритата на реките и да се креира механизам истите да останат чисти.

 

 ЗАШТИТА НА ФЛОРАТА И ФАУНАТА ВО И ОКОЛУ ЕЗЕРОТО

          Учесниците го лоцираа проблемот со нарушувањето на целокупниот еко систем на Преспанското Езеро како резултат на човековите дејства.Како активности предложени се:

-          заштита на пеликаните

-          заштита на рибниот фонд во езерото

-          заштита на пастрмката во реките од сливното подрачје на Преспанскиот регион

 ПОШУМУВАЊЕ

-          дефинирана е една активност за засадување на 45 садници во чест на загинатите борци од втората свестка војна

-          потребни се акции за пошумување.

 ХЕМИСКИ СРЕДСТВА (ПРЕПАРАТИ)

-          да се превземат активности за едукација на населението да не ги мие пумпите во езерото

-          да се превземат активности за спречување на употреба на недозволени хемиски препарати

 ЗАШТИТА НА РЕКИТЕ

-          чистење на коритата на реките

-          активности за зачувување на екосистемот – флората и фауната во самите реки

-          порибување на Наколечка Река со пастрмка

 ЕДУКАЦИЈА И СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТАТА

     - формирање еколошки секции и зајакнување на нивната работа

     - вклучување на учениците во конкретни активности за заштита

    -  спроведување интерактивни форми на неформална едукација