Како една од најчистите Езера во светот. Големото Преспанско Езеро лежи на надморска височина 853 метри и зафаќа површина од 276, 70 км2. Неговата брегова линија е разгранета во различни форми и со максимална должина од 28, а широчина од 17 км.
Езерото им припаѓа на Р. Македонија ( 65 %) на Р. Албанија ( 18 % ) и на Р. Грција ( 17 % )
Во Езерото постојат два острова Голем Град на територијата на Р. Македонија и Мал Град на Албанска територија.
Малото Преспанско Езеро ( 43, 80 км 2 ) и со најголема длабочина од 14м.
Во него постојат два острова Ахих и Видринец и двата во грчка терторија. Дотекува од потокот Завир во Мала Преспа.
Поради исклучително високата биолошка разновидност која се карактеризира со голем број на ендемични и автохетерни видови, како и поради Преспанските пејсажни форми.
Од релјефните облици на Преспанската котлина има прекрасни пејсажни форми од релјефни и растителни видови.
Во Преспа постои развиена хидрографска мрежа преставена од речни текови и изобилство на природни извори и чешми на планината Баба со врвот Пелистер
( 2601 метра надморска висина ). Со посебна и природна привлечност се двете главијални Езера- Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како ,, Пелистески очи “
Растителниот свет на Преспанската котлина е мошне разнобразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење со многу шумски и тревни заедници.
Преспанската котлина има богата фауна. Се среќаваат видови водоземци, влечуги, вид птици, видови цицачи како птица реткост е птицата Пеликан.
Од рибите значајно е да се истакне ендемичната поточна Пастрмка- Брајчинска река што се влива во Преспанското Езеро во с. Наколец, прочуениот Преспански Крап, Скобуст и Белвица.
За развојот на летниот туризам многу ќе помогни културното наследство и разни објекти и прекрасните видици и интересни локации, како и посебните организирани тури со водич и придружник ос чуварска служба од Маркова нога се до с. Коњско и островот ,, Голем Град“
Најголема длабочина на Езерото е 76 метри ( измерена на месноста ,, Казани“ во близина на северниот одрон на пречна планина ). Просечната температура изнесува 12 степени ц а максималната во јули – август достигнува до 27 степени ц . Водата содржи 124мп растворена сол на еден литар во Езерото егзистираат 11 видови риба од кои попознати се: најкрупната риба- Крапот и ситната Белвица, позната и под името Нивичка.
Во поглед на фауната посебно место е орнитолошка резерва ,, Езерени “ на површина од 2080 хектари. Во Преспа засолниште наоѓаат близу 100 видови птици. Како природна реткост островот Голем Град зафаќа површина од околу 2 км2. Островот е познат како омилено излетничко место за посетителите на Преспа како и археолошки локалитет со остатоци ос живеачишта , цркви и некрополии. На островот владее поблага клима заради што на него ретко се забелeжува снег. На островот нема крволочни животни.
Ваквиот амбиент привлекува и многу птици. Нај ројни се кормораните ( норчињат) кои се хранат само со риба.
Мајмногу е застапено шумското растение фоја ( јунцперус ексцелса) и претставува реткост.
Расте 10-12 метри височина со пречник на стеблото од 30-50 цм.
Откриени се 160 видови папрати и семени растенија на 180 видови родови и 41 фамилија 80 од нив се јужно- европски флорен елемент. Медитеранскиот и субмедитеранскиот флорен елемент со својата застапеност се најзначајни за Голем Град.
Голем Град претставува редок резерват каде што се размножуваат во светот ретки видови габи.
Покрај неколкуте видови плодородни растенија застапени на островот како што се слива, црница, дрен, шип, лозница и други, постои и смоква.
Голем Град бил привлечен уште во римската епоха.
Како атрактивно излетничко место за посетителите на Преспа островот мислиме дека ќе го посетуваат ( 100.000 посетители годишно )
Пеликаните на Препанското Езеро.
Пеликанот какао една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, кај нас го има единствено на двете Преспански Езера ( големото и малото ). Организира кај нас секоја година шест месечен престој ( 15 Април- 15 Октомври ) во јата од сто птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на земјината топка. Прометното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележлива, но за време на есенската преселба тие се собираат воп јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина се упатуваат кон своите зимувалишта.
Пеликанот не нурка под водата, а само плива на површината. Со силниот инстинкт ги открива јатата со риби и штом ќе долета на целта до него слетуваат јата корморани кои гонејќи ги рибите со нуркање создаваат симбиоза-заедничка исхрана. Навистина интересна појава.
Во текот на последниве три децении на Преспанското Езеро долетуваат и Лебеди што порано не беше случај. Во јата 4-8 птици доаѓаат на пролет или на есен и се задржуваат по два-три месеци. Во споредба со Пеликаните, Лебедите се препитомуваат, најмногу преку подавање храна. Нивната грациозност ја надминува убавината на долгоклунестите несити.
Прочитајте повеќе информации на следните линкови:
http://www.prespa.org.mk/prespansko_ezero.htm
http://www.resen.gov.mk/?jazik=1&id=050103
http://www.prespasky.com.mk


